Дома Фудбал Останато Судиите ја ограбиле: Алексовска полуфиналето го загубила со – забранет зафат! (Видео)

Судиите ја ограбиле: Алексовска полуфиналето го загубила со – забранет зафат! (Видео)

Даниела Алексовска своето учество на Светското првенство го заврши во полуфиналната фаза, каде што беше поразена од Азербејџанката Нармин Алиева, па во Македонија се враќа со бронзен медал. Сепак, исходот на борбата донесе незадоволство во македонскиот табор, бидејќи победата на Алиева била обезбедена со недозволен потег.

Незадоволството јавно го изрази тренерот на Алексовска, Ивица Алексовски.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тоа што не го видовме за време на борба, се чудевме како беше зафатот, при преглед на борбата видовме дека се работи за забранет зафат Пишавме поплака до ИММАФ, на која ни рекоа дека е ОК, ама сме требале веднаш по борбата да се пожалиме Не е дозволено снимање, сликање, немаш интернет, а имаш време од 5 минути да се жалиш чудни правила. 2ца официјални судии за ММА од ЕУ се согласија дека е класичен „neck crank“… Од нашата жалба може само да го избркаат судијата заради незнаење“, напиша тој во својата реакција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден од македонските олимпијци паднал на допинг!

Македонскиот олимписки комитет вчера на прес-конференција ги соопшти имињата на спортистит…