
Интер Мајами обезбеди пласман во полуфиналето на Лига Купот, совладувајќи го мексиканскиот Тигрес со 2-1. Херој на мечот беше Луис Суарез, кој двапати стрелаше од белата точка. Лео Меси и натаму е надвор од терените поради повреда и не настапи на овој дуел.
Американскиот тим поведе уште во 20. минута, кога судијата досуди пенал поради игра со рака на противнички фудбалер. Суарез беше прецизен и донесе водство од 1-0.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Гостите се вратија во игра во второто полувреме – Кореа во 67. минута ја искористи несигурната реакција на одбраната на Интер Мајами и погоди за израмнување.
Сепак, завршницата повторно им припадна на домаќините. По интервенција на ВАР, во последните минути беше досуден нов пенал за тимот од Мајами, повторно поради игра со рака. Суарез уште еднаш покажа мирни нерви и ја затресе мрежата за конечни 2-1.