Дома Фудбал Струга има нов тренер!

Струга има нов тренер!

Поранешниот македонски фудбалски шампион, екипата на Струга Трим Љум, денеска го официјализираше назначувањето на новиот шеф на стручниот штаб. Станува збор за Албанецот Бледи Шкемби, кој ќе го наследи Илчо Ѓорѓиоски на клупата.

Станува збор за стратег со богато фудбалско досие. Како играч, Шкемби беше препознатлив лидер на славната генерација на Скендербеу, која доминираше во албанскиот фудбал и шест пати се искачи на шампионскиот трон. Тој е дел и од историјата на клубот во Лига Европа, со настапи во групната фаза. Тренерската кариера ја гради со ангажмани во неколку познати имиња од албанското и косовското првенство – Тирана, Теута, Динамо Сити, Лирија, Балкани – а работел и со младите репрезентации на Албанија (У17 и У19).

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Со тимот од Струга потпиша договор на две години, со опција за продолжување на уште една сезона

Фото: FC Struga

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го победи Атлетико Мадрид и останува лидер

Тимот на Барселона тешко го совлада Атлетико Мадрид со 3:1 како домаќин во натпревар од Ла…