Дома Фудбал Страшна сцена: Велкоски на футсал натпревар се заби со глава во ѕид! (Видео)

Страшна сцена: Велкоски на футсал натпревар се заби со глава во ѕид! (Видео)

Дуелот во футсал меѓу екипите на Сараево и Вратник беше засенет од немил настан во кој главната улога ја имаше поранешниот македонски фудбалер Крсте Велкоски.

При еден жесток и непромислен старт на играч на Вратник, Велкоски беше соборен и незгодно удри со главата во ѕидот покрај теренот, што предизвика вистински шок меѓу присутните во салата. Сцените беа вознемирувачки, а веднаш беше јасно дека станува збор за сериозна ситуација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Средбата беше прекината неколку минути додека медицинскиот тим му укажуваше помош на Велкоски, по што тој со возило на Итната медицинска служба беше пренесен во болница на дополнителни прегледи.

И покрај стравот што го предизвика инцидентот, првичните информации од босанските медиуми се охрабрувачки и наведуваат дека македонскиот интернационалец, за среќа, минал без потешки повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар поднел иницијатива јужната трибина да го носи името на Рингов, неговата 11-ка оди во историјата!

Екипата на Вардар денеска одржа комеморативна седница посветена на легендарниот Васил Ринг…