
Швајцарската натпреварувачка Сара Хефлин (35) ризично доживеа пад за време на зимските олимписки игри во Кортина.
Претставничката на алпското скијање во дисциплината „фристајл скијање“ имаше и среќа што не доживеа сериозни повреди, иако останала без нејзината лева скија во текот на скокот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Така загрозена, немала многу шанси да се приземи стабилно и без последици. Додека се наоѓала во воздухот, се обидувала да го постигне балансот, бидејќи нејзиното тело било во ротација при скокањето, и и била потребна извонредна вештина за да се подготви за приземјувањето.
Швајцарката, пред самиот крај на оваа опасна пируета, успеала да се приземи на нозете, но ударот со земјата без една скија бил премногу жесток, и била одбиена на грб, завршувајќи на снегот.
🚨 Аларм за загуба на скија во среден скок! Повеќе страв отколку штета за Сара Хефлин
— Eurosport France (@Eurosport_FR) February 7, 2026
Гледајте ги Олимписките игри „Милано Кортина 2026“ во целост на Eurosport и HBO Max pic.twitter.com/QpajQUfCx5