Дома Фудбал Стигнаа и првите критики за Модриќ во Милан: Го одигра најлошиот натпревар!

Стигнаа и првите критики за Модриќ во Милан: Го одигра најлошиот натпревар!

Вчеравечер својата 9-та рунда во Серија А ја одиграа Аталанта и Милан, а натпреварот заврши без победник.

Милан најпрво стигна до предноста со погодокот на Самуеле Рик во четвртата минута.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Аталанта до израмнувањето стигна во 35-та минута кога Адемола Лукман, по асистенција на Марио Пашалиќ, ја совлада одбраната на Милан.

И покрај многубројните можности на двете екипи до самиот крај, дуелот беше завршен со поделба на бодовите.

Лука Модриќ ги одигра сите 90 минути за Милан на овој натпревар, но по статистика ова беше неговиот најлош меч откако се пресели од Реал Мадрид.

Натпреварот го заврши со 46 точни од 50 вкупни додавања, изгуби десет топки, и освои само три од осум дуели.

Досега, по трансфеерот во Милан, не беше оценет под 7, но овој пат доби оцена 6.7.

По завршувањето на синоќешниот натпревар, Модриќ за прв пат се најде под критички острата на италијанските медиуми, како и навивачите.

Навивачкиот сајт Sempre Milan го искритикува за неговата грешка која резултираше со израмнувањето на Аталанта.

“Тргнаа добро и поведоа, но грешката на Модриќ му помогна на Лукман да дојде до израмнувачкиот погодок.

Иако тактички одигра речиси совршено, грешката при изнесување на топката овозможи Аталанта да израмни.

Навивачите на Милан на социјалните мрежи беа уште покритички настроени, без да се задржат во своите коментари.

“Ужасна партија на Лука Модриќ, далеку под неговото ниво.”

“Најслабиот натпревар на Модриќ откако пристигна во Милан.”

“Катастрофална партија.”

“Модриќ не може да игра 90 минути на секој натпревар, ниту треба.”

Овие се дел од коментарите на навивачите на Милан кои се појавија по натпреварот против Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарен инцидент во Манчестер јунајтед: Обезбедувањето пред стадионот се соочило со нешто што досега не се случило!

Манчестер Јунајтед конечно влезе во подобра форма, со три последователни победи кои ги вкл…