Дома Фудбал Стигна потврда: Еден од најпосакуваните менаџери во Премиер лигата ќе биде слободен на крајот од сезоната!

Стигна потврда: Еден од најпосакуваните менаџери во Премиер лигата ќе биде слободен на крајот од сезоната!

Менaџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, го потврди своето заминување од клубот од Премиер лигата по истекот на неговиот договор на крајот на сезоната.

Австриецот минатата сезона успеа да го доведе клубот до првиот голем трофеј во неговата историја со освојување на ФА Купот, објавува АФП.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гласнер, кој во 2022 година ја освои Лигата Европа со Ајнтрахт Франкфурт, се поврзува со менаџерски позиции во Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

“Одлуката ја донесовме уште пред неколку месеци,” изјави Гласнер на прес-конференција пред натпреварот на Кристал Палас против Сандерленд в сабота.

“Во октомври, за време на репрезентативната пауза, имав долг разговор со претседателот на клубот Стив Париш и му објаснив дека не планирам да потпишам нов договор”, додаде тој.

Гласнер пристигна на Селхурст Парк во февруари 2024 година и го извлече Палас од зоната за испаѓање, завршувајќи ја сезоната на 10. место. Клубот минатата сезона се најде на 12. позиција, но го постигна најголемиот успех во својата историја со победата над Манчестер Сити со 1:0 на Вембли и освојувањето на ФА Купот.

Со тоа обезбедија и прв настап во едно европско натпреварување во историјата на клубот..

Гласнер оваа сезона често изразуваше фрустрации поради недостаток на широка играчка база, а тимот потполно го изгуби ритамот во последните недели по добриот старт. Кристал Палас е без победа во последните девет натпревари, вклучувајќи и срамниот пораз во ФА Купот од шестолигашот Меклсфилд минатиот викенд.

Менaџерот, исто така, потврди дека капитенот на клубот Марк Гуехи е на прагот на трансфер во Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер ја одби понудата од Галатасарај за Чалханоглу

Интер ја одби понудата од Галатасарај за играчот од средината на теренот Хакан Чалханоглу,…