На играчот од средниот ред на италијанскиот прволигашки тим Фиорентина, Едоардо Бове (22), кој во неделата доживеа срцев застој за време на натпреварот Фиорентина-Интер, му беше вграден пејсмејкер во болницата Кареџи во Фиренца. Тоа значи дека нема да може да ја продолжи фудбалската кариера во Италија, која забранува играње со дефибрилатор.
Младиот фудбалер се соочува со прекин на договорот со Фиорентина. Бове се надева дека ќе ја продолжи фудбалската кариера барем во странство, пишува денес „Газета дело Спорт“. Инаку, Бове го очекува операција во следните неколку дена, а лекарите се сомневаат дека има миокардитис, воспаление на срцевиот мускул.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иста забрана доби 2021 година Данецот Кристијан Ериксен, кој потоа се пресели во Манчестер Јунајтед. Бове се сруши за време на неделниот домашен натпревар против миланскиот Интер, а натпреварот беше прекинат откако итната помош го однесе во болница.