Дома Фудбал Стигна од Барселона во Монако и веднаш им се „закани“ на противниците

Стигна од Барселона во Монако и веднаш им се „закани“ на противниците

Летниот трансфер период е активен во Барселона, а каталонскиот клуб одлучи една од своите млади ѕвезди да ја испрати на позајмица во овој трансфер период.

Ансу Фати ќе ја продолжи кариерата во Монако како позајмен фудбалер, со тоа што францускиот клуб на крајот од сезоната може да го откупи неговиот договор.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Минатата сезона остана во Барса и се обиде да се докаже кај Ханси Флик, но тоа не успеа да го направи и доби јасен знак од германскиот тренер дека е најдобро да ја бара среќата во некој друг клуб.

Најголем интерес за Фати покажа Монако кој денес успеа сè да заврши со Барселона, и тој официјално беше претставен како ново засилување на клубот од Кнежевството.

По доаѓањето во Монако, Фати беше расположен, а веднаш „боцна“ и актуелните шампиони на Европа, тимот на ПСЖ.

ПСЖ со години доминира во француската Лига 1, но Марсеј и Монако се клубови кои имаат големо ривалство.

„ПСЖ е добар тим, сите го знаеме тоа. Тие штотуку ја освоија Лигата на шампионите. Овде сме да им го отежнеме животот што повеќе можеме, тоа е нашата цел“, рече Фати.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…