Дома Фудбал Стерлинг многумина го заборавија, сега се појави клуб од Премиер лигата кој сака да му даде шанса!

Стерлинг многумина го заборавија, сега се појави клуб од Премиер лигата кој сака да му даде шанса!

На својот врв во 2019 година, во статистиките се натпреваруваше со бројките на Лионел Меси.

Лондонскиот клуб Вест Хем има намера во зимскиот трансфер период да го ангажира крилниот напаѓач на Челси, Рахим Стерлинг (31), кој досега оваа сезона не одиграл ни минута, според британските медиуми.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Минатата сезона, Стерлинг беше на позајмица во Арсенал, а по истекот на заемот се врати на Стамфорд Бриџ. Сепак, во Челси е практично отстранет од првиот тим и е надвор од терен од мај наваму.

Поранешниот англиски репрезентативец индивидуално тренира, а медиумите посочуваат дека е подготвен да замине на позајмица само ако тоа вклучува обврска за откуп на неговиот договор.

Својата кариера ја започна во Ливерпул, а во 2015 година премина во Манчестер Сити, каде што за седум сезони на Етихад постигна 131 погодок и додаде 87 асистенции.

Во летото 2022 година, потпиша за Челси, каде што имаше значајна улога во првите две сезони, а потоа стана вишок, па заврши на позајмица во Арсенал.

За англиската репрезентација одигра 82 натпревари и постигна 20 гола, но последниот негов настап за селекцијата на Гордите Албиони беше на СП 2022.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дел Пиеро остро го нападна италијанскиот фудбал

Легендарниот капитен на Јувентус и италијанската репрезентација Алесандро Дел Пјеро во еми…