Дома Останати Кошарка Српска легенда испрати брутална порака до српскиот претседател Вучиќ: Сѐ ќе ти одземеме

Српска легенда испрати брутална порака до српскиот претседател Вучиќ: Сѐ ќе ти одземеме

Србија сака да се ослободи од српскиот претседател Александар Вучиќ. Тоа веќе е јасно на сите, а вечерва доби ветување од поранешниот кошаркар Владимир Штимац дека ќе изгуби сѐ.

Владимир Штимац жестоко се бори за промени во Србија. Познатиот кошаркар е голема поддршка за студентите кои бараат оставка на Александар Вучиќ и затоа е на сериозен политички удар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Не се плаши некогашниот репрезентативец на Србија. Многумина го гледаат како лидер на промените, а тој вечерва уште еднаш му порача на Вучиќ дека ќе изгуби сѐ што има по протестите на 28. јуни во Белград.

“Сѐ му одзедовме: и грбот, и знамето, и удирањето во градите, и српството, и јунаштвото, и сѐ она во што тој лажно се колне. Тоа го зачинивме со љубов, толеранција и солидарност на сите вероисповеди и нации, сите малцинства и мнозинства. Во сабота му го одземаме и Видовден. А тоа нема да биде сѐ што тој ден ќе загуби”, е пораката на Владимир Штимац.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ откри како ослабел 16 килограми: Првпат во животот престанав да играм кошарка

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ ужива во одмор по учеството во Евробаскетот со…