Дома Останати Кошарка Србите изгубиja против Финска поради детал што се случи на полувремето од натпреварот во Рига

Србите изгубиja против Финска поради детал што се случи на полувремето од натпреварот во Рига

Кошаркарите на Србија синоќа сензационално загубија во осминафиналето на Евробаскетот од Финска и го завршија своето учество иако важеа за фаворити за злато. Но, она што се случи на полувремето од натпреварот во Рига целосно го извади од такт Светислав Пешиќ и неговиот тим.

Србија на Евробаскетот важеше како главен фаворит за златниот медал и никој не очекуваше дека овој тим ќе го заврши своето учество уште во осминафиналето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Синоќа Србите беа фаворити во дуелот против Финска, но едноставно немаа решение за одличната игра на противничкиот тим кој на крај, со водство на Марканен, успеа да дојде до победа и пласман понатаму.

Во исполнетата сала во Рига, Финците на крајот победија со 92:86 и приредија далеку најголемата сензација во досегашниот дел од Евробаскетот.

Овој пораз жестоко ја погоди јавноста во Србија, а многумина очекувано најмногу го критикуваа Светислав Пешиќ и сметаат дека по ваквиот дебакл искусниот тренер мора да поднесе оставка.

Тоа за што најмногу го обвинуваат Пешиќ се одлуките во вториот дел, бидејќи никому не му е јасно зошто Алекса Аврамовиќ не играше во второто полувреме, што значително се почувствува во одбраната.

Аврамовиќ во првиот дел беше на терен и имаше многу забележлива улога, но во продолжението кога се кршеше натпреварот не беше присутен сѐ до последните секунди од натпреварот, кога Србите се обидуваа да се спасат.

Поради тоа сите го критикуваа Пешиќ и се прашуваа што е со Аврамовиќ, а сега стигна одговорот. Огњен Добриќ по натпреварот откри дека Аврамовиќ имал проблеми со повреда и очигледно немал сила да биде на теренот во вториот дел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ќе го освои Евробаскетот? Познати се фаворитите по елиминацијата на Србија

Кошаркарската репрезентација на Србија на неславен начин го заврши својот настап на Европс…