Дома Фудбал Србинот кој блеска во Серија А доби пофалби од Буфон: Прави работи како никој друг!

Србинот кој блеска во Серија А доби пофалби од Буфон: Прави работи како никој друг!

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, Џанлуиџи Буфон, го пофали Миле Свилар, кој минатата година одби да брани за репрезентацијата на Србија.

Рома на Свилар и Јувентус одиграа нерешено 1:1 во 31. коло на Серија А на стадионот Олимпико во главниот град на Италија, а 47-годишниот ја пофали 25-годишниот роден во Антверпен за неговите шест одбрани.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Зборовите што го опишуваа во последните две години се точни. Секогаш ги потврдува на теренот и воодушевува. Прави работи како никој друг“, истакнува легендата на италијанскиот фудбал во интервју за телевизијата DAZN.

Свилар одигра натпревар за репрезентацијата на Србија во Катар, каде селекцијата на Драган Стојковиќ ја победи земјата домаќин со 4:0 на први септември 2021 година.

Стојковиќ повторно го повика 189 см високиот Свилар три години подоцна да дојде, но чуварот на мрежата роден во Белгија го одби повикот, па селекторот на Србија одлучи да не го повикува повеќе во државниот тим.

Тогашниот селектор на Белгија, Доменико Тедеско, набрзо потврди дека Свилар нема да може да брани за „црвените ѓаволи“ поради, како што истакна, правни проблеми бидејќи носел дрес на Србија.

Свилар нема примен гол на 12 натпревари од италијанското првенство, а според тој параметар го дели првото место со Швајцарецот Јан Зомер, играч на Интер.

Човекот кој го пофали е рекордер по бројот на натпревари за Италија – 176. Буфон со Јувентус освои 10 скудета од 2002 до 2020 година и играше во три финалиња на Лигата на шампионите во дресот на клубот од Торино.

Буфон ја започна и заврши кариерата во Парма, со која го освои Купот на УЕФА во 1999 година, а сезоната 2018/19 ја мина во Париз Сен Жермен. Секако, достигнување на неговата кариера е освојувањето на Светското првенство во Германија 2006 година.

Пред Рома е градското дерби со Лацио, во кое ќе биде номинален гостин, а натпреварот на Олимпико ќе започне во недела во 20:45 часот.

Фото: FC Juventus.com
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се запали хотелот на Роналдо во Мароко (видео)

Според светските медиуми, хотелот „Пестана CR7“ на Кристијано Роналдо во Мароко се запали …