Дома Останати Кошарка Србинот е незапирлив: Уште едно признание за Никола Јокиќ (Фото)

Србинот е незапирлив: Уште едно признание за Никола Јокиќ (Фото)

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ е прогласен за играч на месец ноември во Западната конференција.

Српскиот кошаркар доминираше во претходниот месец, а во тој период, Јокиќ забележа феноменални бројки и во просек имаше трипл-дабл – 28,9 поени, 12,4 скока и 10,9 асистенции по натпревар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шутот му беше исклучително ефикасен, шутираше 63,7% од игра, а и од линијата за три поени беше прецизен (45,3%).

Неговите Нагетси во претходниот месец имаа скор 14-5, а за тоа најголемите заслуги ги има тројниот МВП на најсилната лига на светот.

Никола Јокиќ оствари четири последователни трипл-даблови на почетокот од сезоната, со што го изедначи рекордот на легендарниот Оскар Робертсон за најмногу трипл-даблови во воведните натпревари на една НБА кампања.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Joкиќ се врати по еден месеци и приреди шоу (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс остварија триумф на домашен терен против Лос Анџелес Клиперс,…