Дома Фудбал Срам кој ќе го следи до крајот на животот: Ето исклучил репрезентивец на Камерун за да не го сруши неговиот рекорд

Срам кој ќе го следи до крајот на животот: Ето исклучил репрезентивец на Камерун за да не го сруши неговиот рекорд

Легендарниот напаѓач од Камерун, Самуел Ето’о, направи неочекуван потег пред Африканскиот куп на нации, каде што ќе учествува и тимот на Камерун.

Како што извести британскиот The Sun, Ето’о бил обвинет во Камерун дека како претседател на Фудбалската федерација на земјата влијаел врз селекторот Давид Пагу да го исклучи Винсент Абубакар од националниот тим.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Станува збор за легендарен фудбалер што го одбележа своето време во Порто и Бешикташ, и е еден од најпознатите играчи на камерунската репрезентација, а моментално игра за азербејџанскиот Нефтчи.

Зошто Ето’о го направил овој чекор? Причината е јасна. Абубакар се закануваше да го сруши рекордот што Ето’о го има како најголем фудбалер на Камерун.

Абубакар во моментов има постигнато 45 голови на 117 натпревари за националниот тим, а Ето’о стравуваше дека ќе го надмине неговиот рекорд од 56 голови на 118 натпревари. Затоа влијаел врз селекторот да не го повика одличниот напаѓач за претстојното првенство на Африка.

Африканскиот куп на нации започнува на 21 декември и ќе трае до 18 јануари, при што Камерун ќе се натпреварува во групата Ф заедно со Габон, Мозамбик и Брегот на Слоновата Коска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…