Дома Фудбал Спортинг одлучи: Позната цената на шведскиот голгетер

Спортинг одлучи: Позната цената на шведскиот голгетер

Португалскиот „Рекорд“ пишува дека Спортинг на лето ќе го пушти одличниот шведски напаѓач Виктор Ѓекереш во оној клуб што ќе биде подготвен да издвоји од 70 до 75 милиони евра за услугите на најдобриот стрелец во светот минатата година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За 26-годишниот центарфор, кој до пред година и пол играше во втората англиска лига, денес се натпреваруваат големите клубови.

Оваа сезона, во 36 натпревари за клубот и репрезентацијата постигна 39 голови и асистираше 10.

Како 20-годишник, Ѓекереш од шведска Бромапојкарна стигна во Брајтон.

Во премиерлигашот настапи само осум пати и постигна еден гол, па беше испратен на позајмици во Свонси и Ковентри кој го откупи.

Спортинг го доведе во 2023 година тренерот и за него на Ковентри исплати сума од 24 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кардинале и Ибрахимовиќ продолжуваат со обидите да го задржат Модриќ

Сопственикот на Милан Џери Кардинале и неговиот советник Златан Ибрахимовиќ продолжуваат д…