Дома Фудбал Флорентино Перез повторно ја нападна Барселона и својот противник на изборите, вети повеќе Лиги на шампионите и најдобрите играчи

Флорентино Перез повторно ја нападна Барселона и својот противник на изборите, вети повеќе Лиги на шампионите и најдобрите играчи

Сегашниот претседател на Реал Мадрид Флорентино Перез официјално ја претстави својата кандидатура за нов мандат на чело на клубот и неговата програма.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во своето обраќање, тој се осврна на клучни теми како иднината на клубот, финансиската стабилност и новите технолошки проекти. Перез не пропушти да го нападне големиот ривал Барселона поради скандалот „Негрејра“, а исто така го нападна и својот конкурент во претседателската кампања Енрике Рикелме.

Не се потврдија очекувањата дека во обраќањето може да се потврди враќањето на Жозе Мурињо како тренер на Реал Мадрид.

“Ние го создадовме најуспешниот клуб во светот и во финансиска и во спортска смисла, а нашето искуство се изучува на Универзитетот Харвард. Освоивме 6 Лиги на шампионите за 10 години, и ако бидеме избрани, ќе продолжиме да победуваме на ист начин. Работиме напорно за да составиме тим кој ќе ги исполни вашите соништа. Ако станам претседател, тука ќе играат најдобрите играчи во светот. Знаеме на што треба да работиме и сме на тоа.

Во Реал Мадрид работиме на технолошка револуција преку стратешко партнерство со Apple. Секој мадридист во светот ќе може да ги доживее натпреварите како да седи на стадионот „Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кардинале и Ибрахимовиќ продолжуваат со обидите да го задржат Модриќ

Сопственикот на Милан Џери Кардинале и неговиот советник Златан Ибрахимовиќ продолжуваат д…