Дома Фудбал Спиењето со залепена уста е хит помеѓу фудбалерите: Халанд објасни зошто

Спиењето со залепена уста е хит помеѓу фудбалерите: Халанд објасни зошто

Во обид да останат во најдобра форма, фудбалерите користат низа идеи кои ги применуваат и надвор од терените за тренинг. Една од нив е и спиење со леплива лента преку устата, што е метод кој го користи и Ерлинг Халанд.

Лепливата лента преку устата му помага на Халанд да го успори дишењето, да спречи сувост на грлото и да го намали бројот на несаканите честички кои влегуваат во телото. Покрај тоа, телото така развива навика на дишење преку нос, што добро влијае врз циркулацијата и мускулите додека се занимава со спорт, пишуваше As.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Експертите веќе порано предупредиле за овој тренд, а некои доктори го нарекле и најопасниот за кој неодамна чуле. Апнеја, опасност од задушување во случај на запушен нос и можноста некој да се задуши ако дојде до повраќање, се некои од опасностите.

Гостувајќи во подкастот на Логан Пол, норвешкиот напаѓач призна дека користи сите трикови за да биде во потполна спремност.

“Движење, тренинг, биомеханика, сè правам за да го натерам телото на оптимална работа. Сонот е најважен,” рече тој и му порача на Пол да си ја залепи устата за време на спиењето: “Обиди се да го направиш тоа. Зошто да не? Или кога тренираш. Ќе ти биде нешто потешко. Јас тоа го правам, така спијам.”

“Ако ви е носот запушен (здраво, алергии) или имате проблеми како што е девијација на септумот, лепење на устата може да доведе до сериозни проблеми. Замислете да се разбудите навечер и да не можете да дишете. Тоа не е баш убав сон каков што сте се надевале,” е коментарот на еден доктор што „givemesport“ го пренесува по оваа тема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погба се враќа на највисока сцена

Се ближи враќањето на Пол Погба на теренот по суспензијата, а новиот клуб би можел да му б…