Дома Останати Кошарка Спектакуларно забивање на кошаркар на Чикаго, цела сала ја крена на нозе! (Видео)

Спектакуларно забивање на кошаркар на Чикаго, цела сала ја крена на нозе! (Видео)

Со едно од најспектакуларните забивања оваа сезона, кошаркарската ноќ во Чикаго беше во центарот на вниманието. Младата ѕвезда на Чикаго Булс, Матас Бузелис (21), приреди вистински момент за телевизиските шпици, покажувајќи ги своите неверојатни атлетски способности и храброст – нешто што ретко се гледа, дури и во НБА лигата.

Во почетокот на втората четвртина од натпреварот против Орландо Меџик, младиот крилен играч на Чикаго Булс ја презеде топката во контра, и без колебање забиваше над Џејлен Сагс, покажувајќи немилосрдна сила и решителност.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Aрената реагираше со воодушевување, а видеото од оваа акција веднаш се прошири низ кошаркарскиот свет како едно од највпечатливите забивања на сезоната.

Бузелис, иако потекнува од Литванија, е роден во Чикаго, а вчерашната вечер на теренот беше негова најдобра во кариерата досега. За 30 минути на паркетот забележа 21 поен, девет скокови и седум асистенции, потврдувајќи дека неговиот подем е во тек и дека Чикаго Булс имаат светла иднина со него во тимот.

Чикаго го надмина Орландо Меџик со резултат 121:114, а покрај Бузелис, блескаа и Кевин Хуертер со 20 поена, Никола Вучевиќ со 17 поена и 10 скокови, како и Ајо Досунму со 17 поена и седум асистенции.

На спротивната страна, Паоло Банкеро постигна 31 поен, но неговата одлична игра не можеше да ја засени блескавата вечер на Матас Бузелис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ може да се пресели во гигант со кој ќе игра во Евролигата!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно е на радарот на еврол…