Дома Фудбал Спектакуларни сцени: Половина милион луѓе на улиците на Фламенго ја славеа титулата во Копа Либертадорес (Видео)

Спектакуларни сцени: Половина милион луѓе на улиците на Фламенго ја славеа титулата во Копа Либертадорес (Видео)

Вчера Рио де Жанеиро беше обоен во црвено-црни бои. Фудбалерите на Фламенго се вратија во својата земја од Лима, Перу, носејќи го со себе престижниот трофеј од Копа Либертадорес, а навивачите им подготвија неповторлив пречек.

Како што е традиција, фудбалерите се возеа низ улиците на градот со автобус без покрив, славејќи ја четвртата титула од Копа Либертадорес. Оваа победа го потврди Фламенго како најдобриот бразилски клуб во елитното јужноамериканско клупско натпреварување, што навивачите го прославија на несекојдневен начин.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Маршрутата на автобусот, полна со играчи на Фламенго, ги опфати улицата Примеро де Марсо до пресекот на авенијата Антонио Карлос и улицата Араужо Порто Алегре.

Атмосферата беше таква што на дел од само 850 метри се собраа речиси половина милион луѓе, известија општинските власти на Рио.

Играчите на Фламенго со голема гордост го презентираа трофејот пред своите навивачи откако во финалето ги победија долгогодишните ривали Палмейрас со резултат 1:0, што беше дополнителен мотив за забава без престан на улиците на Рио до раните утрински часови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…