
Финалето на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Интер од Милано ќе се одигра во сабота од 21 часот. Францускиот тим ќе се обиде првпат да го освои најпосакуваниот европски трофеј додека Лаутаро и неговите соиграчи целат кон четвртата титула во најсилното натпреварување на УЕФА. Интересно, ова ќе биде дуел меѓу две екипи со висока пазарна вредност.
Според Transfermarkt, парискиот клуб има предност според вкупната вредност на екипата, со проценета вредност од 933,5 милиони евра, додека вредноста на тимот од Интер е 681,8 милиони евра.
Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Највредниот играч на ПСЖ е Квича Кварацхелија што се проценува на 80 милиони евра, а зад него се Осман Дембеле (75 милиони) и Бредли Баркола (70 милиони). Што се однесува доИнтер највреден е капитенот Лаутаро Мартинез со 95 милиони евра, а веднаш потоа следат Николо Барела и Алесандро Бастони (80 милиони) и Маркус Тирам (75 милиони) .
Сепак, на теренот не играат парите, туку фудбалерите, па во сабота доцна вечер ќе дознаеме кој ќе стане новиот европски шампион.
Всушност, вкупната вредност на ПСЖ е проценета на милијарда евра, додека Интер Милано е на вредност од околу 700 милиони евра. Главни спонзори на францускиот клуб се “Катар Ервејз” со договор од 70 милиони евра годишно до 2028 година и “Најк” со годишен договор од 80 милиони евра до 2023 година.
Досега, ПСЖ има остварен приход од 133 милиони евра од Лигата на шампионите, вклучувајќи 18,5 милиони евра за пласманот во финалето и 34 милиони евра од УЕФА ТВ и маркетинг правата. Потенцијален дополнителен приход би била победата во финалето што изнесува 6,5 милиони евра, заедно со 4 милиони евра за учество во УЕФА Суперкупот, што важи и за Интер.
Истата вкупна сума (133 милиони евра) ја има и Интер, која вклучува 72,3 милиони евра од награди за резултати на теренот.