
Македонскиот ракометен прволигаш Охрид е на чекор до историски успех на европска сцена. Во реваншот од четвртфиналето во ЕХФ Европската лига, охриѓани на домашен терен ќе го пречекаат грчки Олимпијакос во салата „Билјанини Извори“, каде се очекува атмосферата да биде на високо ниво и трибините да бидат исполнети до последното место.
Поддршката од публиката ќе биде дополнителен мотив за „гладијаторите“, кои ќе се обидат да го задржат водството и да обезбедат место меѓу најдобрите четири екипи во натпреварувањето.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Охрид во овој дуел влегува со солидна предност од пет гола, стекната на првиот натпревар во Атина, каде што славеше со 31-26, што им дава реални шанси за пласман во полуфиналето.
Решавачкиот натпревар е закажан за сабота со почеток од 18 часот во спортската сала „Билјанини Извори“.