
Откако Ливерпул славеше со 2:0 на Анфилд против Астон Вила, се појавија нови информации за судбината на Арне Слот.
Пред вчерашниот натпревар со Астон Вила, Ливерпул имаше шест порази во седум одиграни натпревари и сите натпреварувања.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Последниот беше во Карабао купот и тоа на домашен терен, а на Енфилд пред неколку дена славеше екипата на Кристал Палас со 3:0. Арсенал оствари нова победа денеска и пред почетокот на натпреварот на Енфилд, Топџиите имаа предност од десет бодови.
Сепак, со головите на Мо Салах и Рајан Гравенберх, Ливерпул оствари победа од 2:0, и ја намали разликата на седум бодови.
Оваа победа на кратко донесе олеснување за сите на Енфилд, а особено за Слот и играчите на Ливерпул.
Следната недела Ливерпул на Енфилд ќе го пречека Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а потоа ги очекува гостување на Етихад каде што ќе играат со Манчестер Сити.
Сега нештата се многу појасни кога станува збор за судбината на Арне Слот на клупата на Ливерпул.
„Во Ливерпул веруваат во Арне Слот. Внатрешно сите во Ливерпул имаат доверба во него и сметаат дека тој е најдобрата личност да ја поправи ситуацијата.
Лошо ја започнаа новата сезона, но тоа не е крајот на светот. Има време да се поправат нештата, да се вратат на вистинскиот пат.