Дома Фудбал Сопругата на капитенот на Пари Сен Жермен го изгуби бебето

Сопругата на капитенот на Пари Сен Жермен го изгуби бебето

Сопругата на бразилскиот репрезентативец и фудбалер на Пари Сен Жермен, Маркињос, објави тажна вест на социјалните мрежи. Карол Карино потврди дека го загубила бебето.

Маркињос и неговата сопруга имаат трои деца, седумгодишната Едуарда, петгодишниот Енрике и двегодишната Марина.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Очекувале и четврто дете, но поради компликации, Карол го изгубила бебето и одлучила јавно да зборува за тешката ситуација низ која поминува.

„Ќе кажам нешто што не е убаво. Но, го прифатив тоа што се случи и сакам да го споделам со вас бидејќи знам дека многумина од вас можеби поминале низ слично нешто. Моето бебе стана ангел“, рече таа во емотивно видео кое го сподели.

Маркињос во време на големиот стрес низ кој поминуваше неговата сопруга, беше со репрезентацијата на Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историска катастрофа за Тотенхем: Ова им се случува првпат во 144 години постоење!

По убедливата>победа на Вест Хем над Волвс со 4:0 во 32. коло од Премиер лигата, Тотенхем …