Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, е блиску до договор за доаѓање на местото на тренер на Бешикташ и прашање е на време кога ќе потпише договор со истанбулскиот клуб, пренесуваат турските медиуми.
Како што се наведува, норвешкиот стручњак ја договорил соработката со Бешикташ до крајот на сезоната 2025/26, со што ќе прекине трогодишен период без клуб.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Солскјер утрово слета во Истанбул за финализирање на преговорите, а дека работата е скоро завршена сведочи и дека и Бешикташ се огласи преку клубските медиуми.
Се додава дека Солскјер пред официјалното превземање на тимот ќе присуствува на претстојниот натпревар против Самсунспор, а неговото деби се очекува во среда на 22 јануари во мечот во Лига Европа против Атлетик Билбао.
Интересно е дека поранешниот нападател на Јунајтед со доаѓањето во Бешикташ ќе започне тренерско ривалство со Жозе Мурињо, човекот кој го наследи на клупата на англискиот великан крајот на 2018 година.
Двајцата ќе се сретнат според распоред на 4 мај, што би бил нивниот шести меѓусебен дуел. На претходните пет, двата стручњака имаа по две победи и една нерешена.
Солскјер нема да има лесна задача да разбуди „заспаниот див“ од летаргија бидејќи Бешикташ по 18 кола во шампионатот на Турција заостанува дури 20 бодови зад лидерот Галатасарај, додека и Фенербахче има двоцифрена предност во бодови.
Ситуацијата не е сјајна ни во Лига Европа каде Солскјер нема да има лесна задача да обезбеди место барем во плејофот во последните два кола, го очекува и натпреварување во купот каде постојат најреални изгледи за трофеј.