Ханзи Флик не отстапува од својата филозофија и тоа носи резултати.
Барселона ја победи Борусија Дортмунд и направи огромен чекор кон второто место во групната фаза на Лигата на шампионите.
За Каталонците е извесно дека им се доволни уште четири бода во преостанатите две кола за да останат зад Ливерпул, па така потенцијално да го избегнат дуел со „црвените“ до финалето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Патем, со победата во Дортмунд, Барселона дојде до неколку многу важни нешта. Прво, прекинато е проклетството на тежок европски терен кое Барса го следи практично од последното освоено трофеј во ЛШ од 2015 година.
Не треба да потсетуваме на бројните шлаканици од Рома, Ливерпул, Јувентус, Пари Сен Жермен, повеќепати од Баерн Минхен, Интер, Манчестер Јунајтед и сите тие болни порази на гостински терени ширум Европа.
Меѓу нив е сигурно и Борусија Дортмунд, бидејќи “милионерите” не изгубиле како домаќини во Лигата на шампионите цели три години и се вицешампиони на Европа.
Барселона ја продолжи серијата, иако доживеа неколку киксови во Ла Лига, врза пет победи во Лигата на шампионите, патем по 11 натпревари конечно го победи Баерн, го разби Реал Мадрид.
И – Барселона убедливо постигна најмногу голови – 21, односно дури 3,5 во просек по натпревар во Лигата на шампионите. Зад Барса е токму Дортмунд со 18, додека Баерн е трети со 17.
Кога сè ќе се собере и одземе, Барса со Флик е најзабавната за гледање, игра со прекумерен ризик, не отстапува од своите офсајд стапици и затоа сигурно ќе има уште многу гоелади на нивните натпревари оваа сезона.
Трофеи?
Но, џабе е сето ова ако на крајот не освојат титула во првенството или Лигата на шампионите. Куповите во Шпанија повеќе не се сметаат за толку многу важни.