
Трикратниот олимписки медалист го заврши натпреварувањето во паралелниот слалом порано од очекуваното, а своето незадоволство го изрази јавно на прес-конференцијата.
Жан Кошир (41), славниот словенечки сноубордер, настапи на Зимските олимписки игри во Италија и остро ја критикуваше ситуацијата во која се наоѓаат спортистите, како и односот на Словенечкиот скијачки сојуз кон спортистите на репрезентацијата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Откако го заврши своето учество порано од предвиденото, на конференцијата за медиуми, тој ги обвини властите за неефикасно управување и небрежност кон атлетичарите.
“Не знам дали уште останало пари во Сојузот. Се распределуваат како да се приватни интереси наместо да се води сметка за сите. На патот до конференцијата за медиуми во Бормио, еден од нашата делегација зборуваше за можни победи и никој од нас не беше споменат. Навистина е жалосно што такви луѓе се таму. Ова го нема никаде на друго место во светот освен кај нас во Словенија, каде што се мисли само на личните интереси, а не на интересите на репрезентацијата,” изјави Кошир.
Покрај финансиските и организациските критики, тој особено ги нагласи условите за престој на игрите. Сподели дека се чувствува како да престојува во штала и порача дека повеќе нема да учествува на олимписки натпревари ако не се променат состојбите, истакнувајќи дека “сигурно нема повторно да оди на Олимпијада ако мора да јаде леб и салама и спие во услови недостојни за човек”.

Кошир денеска дополнително ги потврди своите тврдења споделувајќи фотографија од сместувањето на спортистите, со што јасно ги прикажа колку се лоши условите. Сепак, од засега непознати причини, фотографијата брзо беше отстранета од социјалните мрежи, но неговите изјави веќе предизвикаа големо внимание и дебата во словенечката спортска јавност.