Дома Фудбал Слот зборуваше за Арнолд: Само под еден услов не би играл во дербито со Манчестер јунајтед.

Слот зборуваше за Арнолд: Само под еден услов не би играл во дербито со Манчестер јунајтед.

Изминативе недели, сведоци бевме на разни шпекулации за евентуалниот трансфер на брилијантниот англиски фудбалер во редовите на најтрофејниот англиски клуб Реал Мадрид, но според зборовите на Арне Слот, од таа работа нема да има ништо бидејќи Ливерпул се надева дека Александер-Арнолд ќе го продолжи договорот.

Со оглед на тоа што Ливерпул веќе во недела во 17:30 часот го очекува големото дерби против Манчестер Јунајтед на „Енфилд“, Слот порача дека Трент Александер-Арнолд ќе биде во тимот против најголемиот ривал во англискиот фудбал.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


„Ќе ви кажам дека ќе игра и верувам дека ќе ги покаже истите игри како што го правеше тоа во текот на изминативе шест месеци, бидејќи сите видоа колку е одличен. Тој одигра одличен натпревар против Вест Хем, го гледам секој ден како работи на тренинзите. Целосно е посветен и го очекувам во недела на теренот, освен ако не се пожали дека е болен“, наведе Слот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите во завршна фаза: Грем Потер пред враќање во Премиер лигата?

Раководството на фудбалскиот клуб Вест Хем разговараше со тренерот Грејем Портер за можен …