Дома Фудбал Слот збесна: Како мислите дека ќе ја освоиме „само“ Премиерлигата?!

Слот збесна: Како мислите дека ќе ја освоиме „само“ Премиерлигата?!

Не стигна далеку во ФА куп, испадна од Лигата на шампионите, а во Лига купот загуби во финалето. Но, Ливерпул има шанса оваа сезона да ја круниса со пехар. И тоа голема. Осум кола пред крајот има значителна предност во однос на Арсенал, му се насмевнува титулата во Премиер лигата.

Сепак, има и такви кои сметаат дека е тоа малку, дека титулата не е доволна, дека Ливерпул можеше да има многу подобра сезона. Таквото мислење го налути Вирџил ван Дајк, а потоа и Арне Слот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Дозволете ми, ќе се обидам да разберам. Вирџил е малку фрустриран, бидејќи не е доволно освојувањето ‘само’ на Премиер лига?“, се запраша Арне Слот, па продолжи:
„Мајкл играше за нас, така ли? Значи, тој е свесен дека за 35 години еднаш имаме освоено титула. Ако сте способни да освоите титула со овој клуб, тогаш ништо друго не е важно. Кога би го направиле тоа десет пати по ред, тогаш би разбрал зошто луѓето велат: ‘О, но ти победуваш ‘само’ во Премиер лигата’. Чудна изјава, чудно прашање. Се согласувам со Вирџил“.

Фото: ФК Ливерпул/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марко Верати пред потпис за италијанскиот великан – останаа само детали!

Марко Верати е блиску до враќање во Италија! Италијанскиот играч за врска, поранешен долго…