Дома Фудбал Слот збесна: Како мислите дека ќе ја освоиме „само“ Премиерлигата?!

Слот збесна: Како мислите дека ќе ја освоиме „само“ Премиерлигата?!

Не стигна далеку во ФА куп, испадна од Лигата на шампионите, а во Лига купот загуби во финалето. Но, Ливерпул има шанса оваа сезона да ја круниса со пехар. И тоа голема. Осум кола пред крајот има значителна предност во однос на Арсенал, му се насмевнува титулата во Премиер лигата.

Сепак, има и такви кои сметаат дека е тоа малку, дека титулата не е доволна, дека Ливерпул можеше да има многу подобра сезона. Таквото мислење го налути Вирџил ван Дајк, а потоа и Арне Слот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Дозволете ми, ќе се обидам да разберам. Вирџил е малку фрустриран, бидејќи не е доволно освојувањето ‘само’ на Премиер лига?“, се запраша Арне Слот, па продолжи:
„Мајкл играше за нас, така ли? Значи, тој е свесен дека за 35 години еднаш имаме освоено титула. Ако сте способни да освоите титула со овој клуб, тогаш ништо друго не е важно. Кога би го направиле тоа десет пати по ред, тогаш би разбрал зошто луѓето велат: ‘О, но ти победуваш ‘само’ во Премиер лигата’. Чудна изјава, чудно прашање. Се согласувам со Вирџил“.

Фото: ФК Ливерпул/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…