Дома Фудбал Слот: Сите зборуваат за парите што ги потрошивме, но забораваат дека продадовме за 300 милиони

Слот: Сите зборуваат за парите што ги потрошивме, но забораваат дека продадовме за 300 милиони

Тренерот на Ливерпул Арне Слот го коментираше настапот на новите засилувања. Тој зборуваше за утрешниот натпревар против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, како и за состојбата на Александар Исак.

“Секако има шанса Исак да игра, затоа што е во тимот. Она што можам да го кажам со сигурност е дека нема да игра 90 минути,” сподели тренерот. “Најголемиот предизвик за него е да влезе во ритам, бидејќи пропушти четири месеци нормални тренинзи. Тој докажа во Њукасл дека е доволно добар за да игра за Ливерпул. Сега треба да влезе во кондиција за да може да го прави она што го правеше минатата сезона.”

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Толку многу внимание се посветува на нашите нови пополнувања, особено од аналитичари кои претпочитаат некои други тимови во земјата. Не престануваат да зборуваат и да повторуваат дека сме потрошиле 450 милиони фунти, но секогаш забораваат дека продадовме играчи за 300 милиони“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конате даде гол за Ливерпул, па почна да плаче како мало дете (Видео)

Ливерпул го доби дербито против Њукасл со 4-1, а големо внимание привлече Ибрахима Конате …