
Главниот тренер Арне Слот беше во добро расположение на прес-конференцијата пред натпреварот против Барнли и имаше добра причина за тоа.
Холандскиот стратег е задоволен што Александар Исак се врати во Англија од репрезентативната пауза и е подготвен за игра. Швеѓанецот подолго време немаше одиграно натпревар, што носеше ризик од повреда.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Токму поради тоа, Слот му изрази благодарност на селекторот на Шведска, Јон Дал Томасон:
„Селекторот на Шведска заслужува огромни комплименти. Имаа две важни средби и, иако Исак беше еден од најдобрите напаѓачи на располагање, Томасон мудро одлучи да го чува од оптоварување и го стави на клупа, со цел да избегне можноста за повреда која би го оставила надвор од терените неколку недели“.
“The Swedish manager Jon Dahl Tomasson deserves a big big big compliment” 👏
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 12, 2025
Arne Slot on if Alexander Isak is ready to make his Liverpool debut for Burnley, after playing with Sweden during the international break pic.twitter.com/XBlT795zjS
Слот зборуваше и за неуспешниот трансфер на Марк Гуеи во Ливерпул:
„Би било нелогично да негирам дека бевме блиску до негово ангажирање. Такви работи во фудбалот се случуваат, понекогаш и наши играчи мислеле дека се на пат да направат трансфер, но во последен момент нешто се менува. Сакавме да го ангажираме, направивме обид, но не успеавме“.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!