Дома Фудбал Слот не планира да запре: Што ќе купува Ливерпул до крај на преодниот рок?

Слот не планира да запре: Што ќе купува Ливерпул до крај на преодниот рок?

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, денеска говореше на прес-конференција пред натпреварот со Кристал Палас во Комјуинити Шилд, кој е закажан во недела.

Веќе традиционално, победниците на Премиер лигата и ФА купот се среќаваат во натпреварот за првиот трофеј во сезоната. Локацијата е „Вембли“ во недела од 16:00 часот. Ливерпул прилично се засили во текот на летото и не планираат да застанат тука. Александар Исак останува во плановите на раководството и сакаат да го затворат трансферот пред премиерната кампања во Премиер лигата која почнува следната недела, но нема да биде лесно, ниту евтино.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Очекувани се и заминувања како Дарвин Нуњез, што сè уште не е официјализирано, како и веројатно Федерико Киеза и Харви Елиот. Прашање му беше поставено за потенцијалното доаѓање на нови засилувања во нападот.

“Задоволен сум со тимот кој го имаме. Но, како клуб, секогаш сагледуваме на пазарот. Тоа може да биде играч од средниот ред или некој во последната линија.”, рече Холанѓанецот.

За самиот Исак не сакаше да се изјасни.

“Како што ме познавате веќе, а мислам секој друг тренер, никогаш не зборуваме за играчи кои не се наши. Па така, можам да зборувам за Уго Екитике кој го донесовме неодамна и досега работи многу добро.”

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВИДЕО Меси го постигна 900-ти гол во кариерата. Втора личност со вакво достигнување.

ЛИОНЕЛ МЕСИ, на 38-годишна возраст, успеа да постигне импресивни 900 гола во текот на свој…