
Иако во последните денови во фокусот на Ливерпул е ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека се чувствува како клубот да го “фрли под автобус”, раководството од Енфилд веќе прави планови за летото 2026 година. Според пишувањето на германскиот TZ, на Црвените им е „понудена“ ѕвездата на Баерн, стоперот Дајот Упамекано.
На францускиот дефанзивец договорот со Баерн му истекува на крајот на сезоната, што значи дека според Босмановото правило веќе од 1 јануари може да преговара со други клубови за премин без надомест. Можноста да се ангажира еден од најдобрите стопери во Бундеслигата како слободен играч привлече, покрај Ливерпул, и великани како Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Иако се наведува дека Упамекано е среќен во Минхен, преговорите за новиот контракт запнале на две клучни точки. Првата пречка е барањето на неговиот агент за вклучување откупна клаузула од 65 милиони евра. Баерн начелно се противи на вакви клаузули, иако неодамна попуштија во преговорите со Хари Кејн и Џамал Мусиала.
Вториот проблем е платата. Упамекано бара годишен приход од 18 милиони евра, што изнесува околу 346 илјади евра неделно, а баварскиот гигант не е подготвен да понуди толку голема сума.
Токму тука ја гледа својата шанса Ливерпул, кој наводно внимателно ја следи развојот на ситуацијата и е подготвен да реагира доколку стане јасно дека францускиот репрезентативец ја напушта Баварија. Упамекано е идентификуван како алтернатива во случај да пропадне трансферот на капитенот на Кристал Палас, Марк Гехи.