Александер Исак е еден од најбараните напаѓачи во европскиот фудбал, па сосема е очекувано Њукасл да постави висока цена за неговите услуги, која најверојатно нема да биде под 100 милиони фунти.
За шведскиот голгетер најголем интерес покажуваат англиските гиганти Арсенал и Ливерпул, при што „црвените“ активно работат на стратегија за да ја добијат трката за неговиот потпис.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Според пишувањата на одредени англиски медиуми, Ливерпул подготвува понуда која би вклучувала парична компензација, како и уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез, кој би заминал на „Сент Џејмс Парк“ како дел од договорот.