Дома Фудбал Слот го истакна главниот проблем на Премиер лигата: Ова е новата реалност

Слот го истакна главниот проблем на Премиер лигата: Ова е новата реалност

После освојувањето на насловот на првак во првата сезона, тренерот на Ливерпул, Арне Слот, се соочува со предизвици во својата втора година на „Енфилд“. Неговиот тим моментално се наоѓа на петтото место на табелата, зад Манчестер Јунајтед и Астон Вила, но холандскиот експерт повеќе го загрижува стилот на игра во англиското првенство, за кој тврди дека натпреварите не се привлечни за гледање.

Слот смета дека премногу се придава важност на прекините, а како еден од главните заговорници на таквиот пристап го истакнува тренерот на Арсенал, Микел Артета. Своето мислење го поткрепува со споредба со други лиги. „Мислам дека тоа главно се случува во Премиер лигата. Ова е новата реалност. Кога гледам други лиги, не ми изгледа дека прекините имаат толкава важност. На пример, на натпревар од Ерсте дивизијата гледам поништени голови и прекршоци над голмани па помислувам: ‘каква разлика!’“, изјави Слот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Холанѓанецот призна дека натпреварите од Премиер лигата не ги гледа за уживање, туку слободното време го посветува на други натпреварувања. „Повеќето натпревари од англиската лига што ги следам не ми се забавни, но секогаш се интересни бидејќи лигата е многу конкурентна и тоа е она што ја прави голема”, објасни тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриена казната за фудбалерите на Тудор ако испаднат од Премиер лигата

Два натпревара, два пораза и шеснаесеттото место во Премиер лигата. Кратко кажано, тоа е с…