
Тренерот на Ливерпул Арне Слот се соочи со сериозни последици по бурното дерби на Мерсисајд минатиот месец. Англиската фудбалска федерација (FA) го казни Слот со два натпревари забрана за водење на екипата и парична казна од 70.000 фунти (околу 83 илјади евра) за несоодветно однесување кон судискиот тим.
Инцидентот се случи по натпреварот во кој Ливерпул ремизираше 2:2 со Евертон. Според извештајот на главниот судија Мајкл Оливер, Слот му рекол при ракувањето: “Ако не ја освоиме лигата, ќе биде поради тебе.” Сепак, Слот тврди дека неговите зборови биле различни: “Ако не ја освоиме лигата, ќе ти се заблагодарам за тоа.” Независната комисија на ФА ја прифати верзијата на Оливер за настанот.
Покрај вербалниот конфликт со главниот судија, Слот беше обвинет и за пцовки кон помошникот судија, на кого наводно му дофрлил “им дадовте сè” и саркастично му порачал дека “се надева дека е горд на своето изведување”.
Слот подоцна изрази жалење поради инцидентот и се извини јавно и приватно, што резултираше со намалување на првичната казна од 100.000 на 70.000 фунти. Неговиот помошник Сипке Хулсхоф исто така доби две натпревари забрана и парична казна од 7000 фунти поради агресивен пристап кон Оливер.
И покрај овој инцидент, Ливерпул останува во одлична позиција во Премиер лигата со предност од 13 бодови. Слот ќе се врати на клупата на 16 март во финалето на Карабао купот против Њукасл, а на 2 април ги очекува ново дерби со Евертон на Енфилд.