
Ливерпул денес загуби во пријателски натпревар од Милан (4:2), а изборот на играчи на Арне Слот го привлече многу вниманието за овој натпревар.
Денес од 13:30 часот се одигра пријателски натпревар во Хонг Конг помеѓу Ливерпул и Милан.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Росонерите влегоа подобро во натпреварот и поведоа уште во десеттата минута со голот на Леао на асистенција од Пулишиќ.
Ливерпул возврати 16 минути потоа со голот на Жобослаи и со тој резултат (1:1) се отиде на задолжителниот одмор.
Последуваа два брзи гола на Милан во второто полувреме. Во 52-та минута погоди Лофтус-Чик за 2:1, а осум минути потоа Окафор постигна за 3:1.
Во судиското продолжение се видоа два гола. Гакпо погоди за 3:2 во третата минута од продолжението, а пред самиот свиреж на судијата за крајот на натпреварот, Окафор постигна својот втор гол и го постави конечниот резултат 4:2.
Цели 22 играчи на Ливерпул денес добија можност, а навивачите на Редс брзо забележаа кој недостига во ростерот.
Имено, двете ѕвезди на клубот од Мерсисајд – Луис Диаз и Дарвин Нунез не се најдоа ни на клупата за денешниот натпревар и очигледно е дека нивното време на „Енфилд“ е изброено.
Овој дуо сигурно ќе го напушти Ливерпул ова лето, а Диаз веќе преговара со германскиот гигант – Баерн Минхен.
Фото: Грок АИ