
Повредениот капитен на Реал Мадрид, Даниел Карвахал, го продолжува процесот на рехабилитација со надеж дека ќе се врати што е можно побрзо во составот на Чаби Алонсо.
Овие денови шпанскиот дефанзивец го искористи моментот да замине до Катар, за да го посети својот поранешен соиграч на „Бернабеу“, Хоселу, кој покрај тоа му е и зет – женет е за неговата сестра. Напаѓачот е дел од тимот на Ал-Гарафа.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Кога од локалниот клуб дознаа за доаѓањето на Дани Карвахал, веднаш му приредија добредојде со отворени раце. Претседателот на клубот неговото величество Јасим бин Тамер Ал Тани лично му подари дрес од клубот со неговото име.
На објава во Инстаграм, која може да ги вознемири навивачите на Реал, се гледа како Карвахал држи дрес од локалниот тим со своето име, што изгледа како претставување при трансфер. Сепак, станува збор само за подарок.