Дома Фудбал Останато Славески за првпат загуби и остана без појасот во БКФЦ (Видео)

Славески за првпат загуби и остана без појасот во БКФЦ (Видео)

Македонскиот борец Горјан Славески синоќа го доживеа својот прв пораз во БКФЦ (Првенство во бокс со голи раце), откако беше поразен во борбата за светската титула во велтер категорија од искусниот Џулијан Лејн на настанот БКФЦ 79 во САД.

Битката се одржа на легендарниот „Бафало Чип“ камп во Стерџис, Јужна Дакота, во рамките на едно од најголемите спортско-забавни случувања во Америка. Славески, попознат како Гого, издржа пет рунди со силниот Лејн, но двапати заврши во нокдаун – во третата и петтата рунда, што на крајот пресуди за исходот на борбата.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Судиите едногласно му ја доделија победата на американскиот борец со судиски бодови од 49-44, 49-44 и 48-45. Иако не успеа да стигне до шампионскиот појас кој беше испразнет, Славески, кој е роден во Скопје, а моментално живее и се натпреварува од Мајами, останува еден од најперспективните борци во БКФЦ со скор од шест победи и само еден пораз.

Поразот доаѓа како дел од развојниот пат на македонскиот борец, кој со своите настапи продолжува да ја привлекува вниманието на американската публика и да го носи македонското знаме во една од најбруталните боречки сцени денес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трагедија: Италијанската одбојкарка пронајдена почината во базен по забава во приватна вила

Италијанската одбојкарка на песок, Симона Чина, беше пронајдена мртва синоќа во базен за в…