Дома Фудбал Славен Белупо со големи пофалби за Нестор: Браво мајсторе, остани таков до крајот на сезоната!

Славен Белупо со големи пофалби за Нестор: Браво мајсторе, остани таков до крајот на сезоната!

Maкедонскиот напаѓач Илија Несторовски игра во одлична форма во дресот на Славен Белупо, а неговиот придонес за тимот хрватскиот клуб го истакна на социјалните мрежи.

„Илија Несторовски против Горица го постигна петтиот гол и ја запиша втората асистенција во првенството, а тука е и голот од купот со кој вкупно има шест голови во 17 натпревари за Славен Белупо.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Беше играч на натпреварот и оценет со 8.7, најдобро помеѓу напаѓачите во минатото коло, а освен голот и асистенцијата имаше уште 76% точни додавања, 52 допири со топка, над него беа направени два прекршоци, украде две топки, расчисти три опасни ситуација. Сето тоа на 35 годии.

Браво Илија мајсторе! Остани таков и во завршнните 10, кола и завршницата од купот“, стои во објавата на клупската страница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Синот на легендата Буфон избра да игра за Чешка

Синот на легендарниот Џанлуиџи Буфон – Томас Буфон изненадувачки избрал да игра за Ч…