Дома Бокс Скандал во Србија: Уапсен чичкото на Никола Јокиќ!

Скандал во Србија: Уапсен чичкото на Никола Јокиќ!

Во голема полициска акција во Србија, по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал, се приведени повеќе лица во рамки на финансиска истрага поврзана со реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад.

Според неофицијални извори на Nova.rs, меѓу приведените се наоѓаат поранешен министер, лица поврзани со фирми кои работеле на Железничката станица, а за Горан Весиќ е издадена потерница.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Како што известува Nova.rs, приведени се следните лица: поранешниот министер Томислав Момировиќ, помошничката на министерот Анита Димоски, поранешниот директор на Инфраструктура Железници на Србија Небојша Шурлан, менаџерката за развој на инвестиции во АД „Инфраструктура Железници на Србија“ Слободанка Катаиќ, сопственикот на „Стартинг“ Никола Тривиќ, основачот на компанијата „Деко тим“ од Бешка Ненад Игњатовиќ, директорот на Заводот за заштита на спомениците на град Нови Сад, стрико на кошаркарот Никола Јокиќ, Синиша Јокиќ, Велјко Новаковиќ, Иван Поповиќ, Александар Цветковиќ и Драган Поповиќ.

Издадена е потерница за Горан Весиќ.

Јавното обвинителство за организиран криминал води финансиска истрага поврзана со проектот за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад.

За сега не е познато до каде е стигната истрагата, а до денес никој не е дополнително уапсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Откриено кој го нокаутирал и повредил Вандерлеј Силва во масовната тепачка во Бразил (Видео)

Вандерлеј Силва доживеа целосен хаос во својот боксерски деби. Натпреварот во Сао Паоло за…