Дома Фудбал Скандал во Премиер лигата: Судија доби отказ!

Скандал во Премиер лигата: Судија доби отказ!

Дејвид Кут, фудбалски судија, е отпуштен од ПГМОЛ (Професионално тело на судии во лигата) и тоа значи дека повеќе нема да може да суди во најсилната англиска конкуренција..

Причината за отказот е видео снимка, која сѐ уште не е официјално потврдена, а која минатиот месец се појави на социјалните мрежи и наводно го прикажува Кут како дава погрдни коментари за Ливерпул и нивниот поранешен тренер, Јирген Клоп.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Професионалното тело на судии во лигата, првично го суспендираше Премиерлигашкиот судија, додека Фудбалската асоцијација (ФА) започна сопствена истрага.

Професионалното тело на судии во лигата (ПГМОЛ) во понеделникот попладне службено го потврди отказот на Кут, наведувајќи во соопштението дека детална истрага утврдила дека тој “сериозно ги прекршил одредбите од неговиот договор за работа, при што неговата позиција беше оценета како неодржлива”.

Уште едно видео, кое минатиот месец стигна до јавноста, наводно го прикажува Дејвид Кут како вдишува бела супстанца, наводно за време на Европското првенство 2024 година, каде што беше еден од помошните судии за ВАР.

Европската фудбалска унија (УЕФА) ангажирала истражувач за етика, кој треба да го испита овој случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик во шок бидејќи ѕвездата на Барселона „е подготвен да си оди“ по понудата која не се одбива

Ханси Флик би можел да има големи проблеми следната сезона доколку остане без еден од најв…