Дома Фудбал Скандал на повидок: Халанд удрил жена, случајот е пријавен и во полиција

Скандал на повидок: Халанд удрил жена, случајот е пријавен и во полиција

Ерлинг Халанд е обвинет дека ја повредил жената која носела костим на маскотата на Манчестер Сити, “Мунбим”, предизвикувајќи ѝ “потрес на вратот и мозокот”, откако наводно ја удрил во шега при позиционирање за фотографија пред победата на Сити 1:0 против Саутемптон во октомври минатата година.

Таа тврди дека била во шок по неочекуваниот удар и прашала колега што ја удрило. Потенцира дека Халанд бил ослободен од вина по истрагата на клубот, а нејзиниот договор не бил обновен. Ја извршувала работата како привремена работничка од минатиот јуни. Пријава за нападот поднесена и на полицијата.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


“Бев прилично вознемирена и плачев, главата ми чукаше и мислам дека бев во шок. Подоцна сфатив дека дојде зад мене, ме удри по главата и потоа се наклони на мојата глава”, изјави таа во интервју за The Sun.

Жената тврди дека го известила шефот на заштитата на клубот и дека тој се насмеал и рекол: “Барем можеш да кажеш дека те удри Ерлинг Халанд.”

Таа вели дека ѝ било предложено да си оди дома по инцидентот, но таа го одбила тоа. Наведува дека “подоцна повраќала” и “страдала од болки во вратот и главата”. Додаде и дека следниот ден ја прегледал клупскиот лекар и ѝ препорачал да направи прегледи и во болница. Снимањето со CT не открило оштетувања.

Во клубот беше покрената истрага по која беше заклучено дека “Халанд не ги предизвикал нејзините повреди”. “Спроведовме детална истрага и утврдивме дека ниту еден доказ, вклучувајќи ги и видеоснимките, не потврдува тврдењето дека повредата е предизвикана на начин како што е наведено. Исто така, сме свесни дека е поднесена жалба до полицијата на Голем Манчестер и дека ниту тие не презеле понатамошни мерки”, изјавиле од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните им ги одземаат пасоши на хулиганите

Околу 150 навивачи на Челси и Манчестер сити на кои им е забрането влегувањето на стадион …