
Познатиот кошаркар Пол Пирс е уапсен во Лос Анџелес поради инцидент на автопат.
Имено, полицијата околу 22:40 часот забележала автомобил Range Rover застанат во една од лентите на Автопат 101. Кога се приближиле за да проверат што се случува, нашле маж како спие внатре.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Се покажало дека тоа е 47-годишниот Пирс, а при тестирањето за алкохол, покажало дека возел под дејство на алкохол.
Тој бил уапсен и одведен во притвор додека не се отрезни, а наскоро се очекува да се појави и пред судија.
Пирс, кој 15 години беше дел од Бостон Селтикс и во 2021 година беше примен во Куќата на славните, одби да даде коментар кога полицијата го објави неговото апсење.