
Не е никаква тајна дека фудбалерите во врвните клубови се богато платени. Sky Sport откри колку ќе заработува Трент Александер-Арнолд во Реал Мадрид.
Трент Александер-Арнолд денес официјално објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул, клубот во кој се развил и поминал целата своја досегашна кариера.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Оваа вест означува крај на една ера за 26-годишниот десен бек, кој во Ливерпул помина 20 години. Во емотивното збогување истакна дека ги оствари сите соништа на „Енфилд“ и дека заминува во потрага по нов предизвик.
Многубројни светски медиуми ја пренесоа веста дека Арнолд ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид како слободен играч.
Арнолд ја одби великодушната понуда на Ливерпул за продолжување на договорот и се одлучи да се пресели во шпанската престолнина, каде го чека петгодишен договор.
Sky Sports обзнани колку точно ќе заработува во дресот на Реал Мадрид – годишната плата на Арнолд ќе изнесува околу 15 милиони евра бруто.
Фото: Принтскрин
.