Дома Фудбал Сити започна преговори со замената на Де Брујне

Сити започна преговори со замената на Де Брујне

Од Манчестер Сити воспоставиле првични контакти со претставници на играчот од среден ред на Лион, Рајан Шерки, информира трансфер експертот Фабрицио Романо.

Плејмејкерот моментално е цел број еден за позицијата на креативен играч од средниот ред, кој треба да придонесе со повеќе креативност, која ќе биде особено потребна во тимот по заминувањето на Кевин де Брујне и можната разделба со Џек Грилиш.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Французинот се искачил нагоре на листата по неуспесите на “граѓаните” со другите главни цели како што се Морган Гибс-Вајт и Флориан Вирц. Според различни извори, Шерки има договор со раководството на Лион да биде ослободен во друг клуб ова лето за 25 милиони евра. Играчот од средината имаше извонредна сезона со тимот на “лавчињата” постигнувајќи 12 голови и 20 асистенции во 44 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед не го дава Мегваер – потпиша нов договор!

Хари Мегваер потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед кој ќе го продолжи неговиот престој…