
Може да се зборува за тоа дека Ламин Јамал е наследник на Лионел Меси во дресот на Барселона, а токму поради тоа е на внимателно око на сите европски великани.
Ансу Фати ја зеде „десетката“ на своите плеќи по заминувањето на аргентинскиот фудбалер, но сосема потона и не стана ни сенка на легендата на Барселона. Јамал не презеде таков товар, но е на одличен пат да остави белег во историјата на каталонскиот клуб.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
А тој има само 17 години! Јамал игра фантастично и тоа веќе втора сезона по ред. Тој е бисерот на Барселона и вреди повеќе отколку што било кој клуб може да плати за да Барса биде задоволна.
Сепак, тивка надеж имаат Ливерпул и Манчестер Сити дека би можеле да го добијат потписот на Јамал. И покрај најавите на каталонскиот клуб и самиот играч дека преговорите течат во добра насока и дека новиот договор наскоро ќе биде постигнат, двојката од Премиер лигата потајно се надева дека нешто ќе закочи.
Јамал во моментов можеби е најскапиот фудбалер во светот кога се гледа пазарната вредност, но изгледа дека сепак ќе остане недостигнат сон за Ливерпул и Манчестер Сити.