
Навивачите на Фенербахче на вчерашниот натпревар од Евролигата против Партизан истакнаа транспарент како одговор на провокацијата на Гробарите од првата средба во Белград во ноември минатата година.
На кореографијата на турските фанови беше претставена илустрација поврзана со темите од битката на Косово Поле од 1389 година со порака на српски јазик „Сите сте вие турски синови“.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Да потсетиме, приврзаниците на Партизан во првиот дуел од оваа сезона ги претставија илустрациите на Милош Обилиќ како го убива турскиот владетел Мурат, на што реагираше и Евролигата.
Фенербахче – Партизан, транспарентот што го истакнаа нашите навивачи пред натпреварот.
— Marginale (@themarginale) 25 февруари 2026
Одговорот кон Србите кои извадија илустрации прикажувајќи го моментот на убивање на султанот Мурат I. pic.twitter.com/2mDAWgHtj6
Партизан беше казнет со 40.000 евра, заедно со условенa мерка за намалување на капацитетот на салата на 80 проценти за еден домашен натпревар, вклучувајќи затворање на одредени сектори.
Инаку, Фенербахче оствари победа во неизвесниот натпревар против Партизан со резултат 81:78.