Дома Фудбал Сите се фатија за глава: Погледнете го големото промашување на Дарвин Нуњез (ВИДЕО)

Сите се фатија за глава: Погледнете го големото промашување на Дарвин Нуњез (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила и Ливерпул го одиграа натпреварот од 29. коло на Премиер лигата претходно поради обврски во куповите, а покрај множеството голови, видовме и едно тешко промашување на Дарвин Нуњез, кое ќе биде кандидат за најголемото во сезоната.

Целосно се обрука фудбалерот на Црвените, кога дојде во ситуација да ја смести топката во празна мрежа.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Останаа шокирани и Арне Слот, тренерот на Ливерпул, како и сите гостински навивачи, бидејќи ова беше потешко да се промаши, отколку да се погоди.

Погледнете и сами ОВДЕ

Натпреварот на крајот заврши со поделба на бодови (2:2), така што ова промашување го чинеше Ливерпул бодови.

Салах донесе предност за Ливерпул во 29. минута, Тилеманс во 38. минута и Воткинс во првата минута од продолжението на натпреварот го сврте резултатот, додека Трент Александар-Арнолд во 61. минута го постави конечниот резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Реал Мадрид се потсмева на Јамал поради… капата

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Хосе Марија Гутиерес-Гути се потсмева на Ламин Јамал, …